Вигерт: Еурофарм Пелистер сезонава покажа дека има квалитет за ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се „сели“ во Германија, каде го чека уште еден тежок тест во ракометната Лига на шампионите. Моќниот Магдебург ќе биде предизвикот на „зелено-белите“ во шестото коло од новата сезона во елитата.

Тренерот на бундеслигашот, Бенет Вигерт со суперлативи зборуваше за нашиот шампион, но потенцира дека посакува нова победа пред домашната публика.

„Еурофарм Пелистер е тим кој, со своите трансфери летово, уште еднаш ги истакна своите амбиции. Тоа се рефлектираше и во неодамнешните резултати во Лигата на шампионите, каде што имаа неколку тесни натпревари. За нас, важи истото како и секоја седмица. И покрај многуте натпревари, сакаме да бидеме на вистинскиот пат и да ја прославиме победата со нашите навивачи“, рече тренерот на германскиот гигант.

Натпреварот во Германија се игра в четврток со почеток од 20:45 часот. Во досегашниот дел од сезоната пелистерци имаат една победа и четири порази, додека Магдебург е единствен со максимални пет победи.