• Саше Љолес
Искусниот десен бек, Кент Робин Тонесен, има сериозни здравствени проблеми, откако му беше дијагностициран херпес зостер (предизвикан од истиот вирус што ги предизвикува овчите сипаници) на лицето, кој го зафатил и неговото око.
Флензбург, клубот за кој настапува норвешкиот ракометар, ја потврди оваа информација, но засега не може да прецизира кога искусниот бек повторно ќе се врати на теренот.
Станува збор за офталмолошка форма на херпес зостер, која, доколку не се лекува навреме, може да предизвика сериозни компликации, вклучувајќи воспаление на рожницата, конјунктивата и мрежницата, па дури и трајно оштетување на видот.
Поради ризикот од компликации, Флензбург не сака да брза со неговото враќање, а приоритет е целосното закрепнување на искусниот Норвежанец.
Тонесен е еден од најважните играчи во тимот на Фленсбург и неговото отсуство би можело да претставува сериозен удар за германскиот клуб во пресрет на новата сезона.





