• Горан Упале
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва им се враќаат на обврските во Лигата на шампионите, а пред себе ќе имаат голем предизвик – гостување кај моќниот Пари Сен Жермен.
Битолчани уште од средата се во Париз и се подготвуваат за ова гостување, а тренерот Рубен Гарабаја за овој натпревар нема да може да смета на повредениот Саид Хaидарирад. На негово место во денешниот состав се најде младиот Давид Брестовац, додека повторно немаше место за полското засилување на десната бековска позиција Анџеј Видомски. Исто така, изоставен е и искусниот дефанзивец Илија Абутовиќ.
Составите за вечерашниот натпревар:
Средбата во Париз се закажана за од 20:45 часот. Еурофарм Пелистер славеше победа во првото коло, додека ПСЖ запиша пораз.






