ВИДЕО: Што ги очекува македонските ракометари вечерва!

„Турон Арена“ во Краков

Вечер во 20.30 часот, македонската репрезентација ќе си ги одмери силите со домаќинот на Европското првенство, репрезентацијата на Полска. 

Околу 15.000 Полјаци се спремни вечерва во „Краков Арена“, гордо да ја бодрат својата репрезентација. Тоа за македонските ракометари претставува голем предизвик, во кој се надеваме дека достојно ќе ги бранат боите на својата репрезентација и уште еднаш ќе ги покажат своите квалитети на теренот. 

На првиот одигран натпревар во групата А од Европското првенство, Полска минимално победи против Србија  29-28, а Македонија загуби од Франција со 30-23.