Вид Потеко се сели во Германија, потпиша за Гепинген

Словенечкиот репрезентативец Вид Потеко потпиша двегодишен договор со бундеслигашот Гепинген, чии бои ќе ги брани од следната сезона.

За 30-годишниот ас на Целје Пивоварна Лашко, Гепинген е втор странски ангажман, откако од 2017 до 2019 година настапуваше за Мешков Брест. Потеко сезонава настапува за Целје и на десет натпревари од домашното првенство постигна 16 гола.

Искусниот пивотмен е меѓу репрезентативците на списокот на Љубомир Врањеш и ќе биде дел од репрезентацијата на својата земја на подготовките за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.