„Ви благодариме, ги освоивте нашите срца“: Вардар емотивно се збогува со Карачиќ, Парондо... (ВИДЕО)

Ракометарите на новиот европски шампион Вардар, по историскиот успех во Келн и триумфот над Веспрем, во големото финале во Скопје беа пречекани како вистински херои. 

„Црвено-црните“ повторно ја израдуваа и обединија нацијата и по вторпат во својата историја станаа прваци во Лигата на шампионите. Но, по само неколку седмици од големиот успех беа приморани да се разделат со неколку клучни фигури во тимот.

Поради проблемите со кои се соочуваше Вардар, тренерот Парондо, како и играчите Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ се решија да ги промената своите клупски бои, а македонскиот тим утрово на емотивен начин се збогува од нив. 

„Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо. Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех. СРЕЌНО!“, пишува во вардаровата објава на социјалните мрежи. 

Веќе е познато дека Парондо ќе биде селектор на Египет, Калараш замина во Мотор, Карачиќ во Киелце, Војводиќ во Баја Маре, Мораеш во Веспрем, а Милосављев во Фуксе Берлин...