Везенковски се раздели со Радовиш, Прилеп негова можна нова средина

Екипата на Радовиш остана без еден од најдобрите ракометари, откако спогодбено го раскина договорот со средниот бек Златко Везенковски. 

Искусниот ракометар поради честите повреди во последниот период сè е уште е без деби во Суперлигата оваа сезона, а истото најверојатно ќе го има во друг клуб, се разбира доколку се реши кариерата да ја продолжи во домашниот шампионат. 

Според последните информации 35-годишниот ракометар е во преговори со раководството на Прилеп и доколку се најде заеднички јазик неговата кариера ќе продолжи во градот под Марковите Кули.

Везенковски својата ракометна кариера ја започна во родниот Ресен, а во Македонија има настапувано уште за Зомимак, Тиквеш и Пелистер.