• Сашо Поповски

Последниот натпревар од оваа сезона во СЕХА лигата за МАКС Струмица ќе се одигра в недела во салата „Парк“, против екипата на Нексе од Нашице. Тренерот Ванчо Трендафилов е свесен за квалитетот на хрватската екипа, но ветува дека тој и неговите играчи ќе дадат максимум за да стигнат до толку посакуваната победа во регионалното натпреварување.
„В недела играме против вицешампионот на Хрватска, така да не очекува тежок натпревар. Јас и моите играчи ќе дадеме максимум за да стигнеме до првата победа. Доколку не победиме ќе им честитаме на противникот и ќе се насочиме кон нашиот шампионат“ , изјави Трендафилов.
Средниот бек на екипата, Златко Везенковски вели дека според шансите во првиот дуел во Хрватска, Нексе не е непобедлива екипа.
„Нексе не е непобедлив. Тоа го покажавме на гостувањето во Хрватска, каде водевме до 50. минута. Се надевам дека в недела, со добра игра, ќе извојуваме една и единствена победа во СЕХА лигата“ , додаде Везенковски.
Пред пет месеци на натпреварот во Хрватска, МАКС Струмица загуби со 23-17.