Ветеранот Никчевиќ се раздели со Спортинг Лисабон

Иван Никчевиќ, еден од најдобрите српски крила во последните децении, ја заврши својата кариера како член на Спортинг Лисабон. 

39-годишниот ракометар, по четири години минати во редовите на португалскиот тим, не доби договор за нова соработка и сега како слободен ракометар ќе чека нов ангажман, а не се исклучува опцијата да ја заврши својата кариера. 

Никчевиќ во последната сезона не можеше да ужива во поголема минутажа кај тренерот Анти, а со оглед на годините оваа одлука на раководството на Спортинг беше повеќе од очекувана.

Оваа сезона поранешниот репрезентативец на Србија настапи на сите десет натпревари во Лигата на шампионите, на кои постигна само девет гола.