Ветеранот Морос изненади и замина во Швајцарија

Шпанскиот ракометар Виран Морос од следната сезона ќе има нов клуб, затоа што се согласи на трансфер во Швајцарија.

Еден од најдобрите дефанзивци во ракометот кој има 38 години во следната сезона ќе го носи дресот на Винтертур. Доаѓа од Бундеслигата, каде го носеше дресот на Фуксе Берлин. 

Морос во Фуксе се пресели во 2021 година од ПСЖ, а зад своето име има настапи за Барселона, Сиудад Реал, Адемар Леон и Теукро.