Ветеранот Линдберг уште една година ќе игра за „лисиците“ од Берлин

Фуксе Берлин ги израдува навивачите, известувајќи дека договорот со данскиот интернационалец Ханс Линдберг е продолжен за уште една година, до летото 2022 година. Оваа информација ја потврди директорот на „лисиците“, Боб Ханинг.

Линдберг, кој го освои светското злато со данската репрезентација во 2019 година, е важен играч во редовите на Фуксе Берлин. Оваа сезона, Линдберг постигна 72 гола, а во својата кариера во Бундеслигата одигра 140 натпревари и постигнат 752 голови.

Со репрезентацијата на Данска, 39-годишниот Линдберг освои пет медали на големите натпреварувања, додека со „лисиците“ го освои ЕХФ Купот во 2015 година и ИХФ Супер Глоб во 2016 година.

„Ханс е важен дел од нашиот тим, како во спортот, така и во лична смисла. Тој е фигура на нашиот клуб. За мене, нема ни најмало сомневање дека Ханс ќе игра многу важна улога во остварувањето на нашите визии, рече спортскиот директор, Стефан Кречмар.

Данецот не го криеше своето задоволство со потписот на новиот договор.

„Се радувам што ќе играм со момците уште една година, а исто така и дека втората половина од сезоната започна. Очекувам одлични искуства во иднина со нашите навивачи во Берлин“, истакна Ханс Линдберг.

Брзото крило пред да дојде во Фуксе Берлин, ги носеше дресовите на Вибор и Хамбург.