Ветеранот Копљар уште две години верен на „лисиците“

Поранешниот хрватски репрезентативец Марко Копљар ја продолжи соработката со Фуксе Берлин на уште две години, заклучно до јуни 2024 година.

Овој 35-годишен специјалист за одбрана во Берлин е од 2017 година и е многу важна алка на тимот од германската престолнина.

„Горд сум и среќен што ќе играм со Фуксе Берлин уште две години. Имаме одличен проект во голем град со фантастични фанови. Многу сум горд на она што го постигнавме заедно како тим и се радувам на нашата иднина. Оптимист сум дека ќе можам да прославувам понатамошни успеси со навивачите во „Макс-Шмелинг-Хале“ во Берлин“, истакна Копљар по потпишувањето на договорот.

Овој поранешен ракометар на ППД Загреб, ПСЖ, Барселона, Веспрем во дресот на Хрватска настапуваше десет години во периодот од 2008 до 2018 година.

„Лисиците“ веќе договори јапродолжување на соработката со Ласе Андерсон, Мијајло Марсениќ, Дејан Милосављев, Пол Друкс и Фабијан Виде.