Ветеранката Мери Гичева се врати во Прилеп и ја засили Деспина

Мери Гичева летово од Косово се врати во родниот Прилеп и во новата сезона пак ќе игра во Деспина, екипа која редовно настапува во Суперлигата. Нејзиното богато искуство е добредојдено во составот каде доминира младоста. 

 Гичева беше членка на Тутунски комбинат, Жито Прилеп, играше уште во Косово, Романија…

Ангела Камческа, Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска, Лилјана Димитрова и Елена Рипилоска се вратија во клубо од Прилеп. Тука се и кадетските репрезентативки Магдалена Ѓорѓиоска, Маја Ристеска, Андреа Конеска, Симона Спиркоска, како и досегашните првотимки Весна Христоска, Михаела Стојкоска, Мери Спиркоска, Ивона Ристевска.

Новата женска Суперлига почнува кон средината на септември.