Вест Виен стана шампион на Австрија, но клубот згасна поради финансии

Вест Виен ја освои титулата во Австрија, откако со 2-0 славеше во финалната серија против Линц, но шампионскиот трофеј не значеше среќен крај за клубот од австриската престолнина.

Новиот шампион на Австрија престанува да постои поради економски проблеми. Сениорскиот тим е целосно распуштен, а само дел од младинскиот погон ќе остане во финкција. 

Вест Виен во својата клупска историја шест пати бил шампион на својата земја. Во деведесеттите доминираше и освои пет титули, додека по три децении одново се искачи на тронот, но престанува да функционира.

Низ историјата бројни ракометни ѕвезди го носеле дресот на овој клуб, како Виго Кристијансон, Гудмундор Хејгасон, Никола Мариновиќ...