Веспрем за осум дена ќе одигра пет натпревари, меѓу кои и против Еурофарм! 

По синоќешната херојска победа над Вардар, европскиот вицешампион Веспрем ќе има неколку дена одмор кој ќе го искористи што подобро да се подготви за пеколниот распоред кој го очекува следната седмица. 

Унгарскиот гигант ги заврши овогодишните настапи во Лигата на шампионите, но не и од домашниот шампионат и СЕХА лигата, па затоа во периодот од 7 до 14 декември ќе одигра дури пет натпревари.

Два се од домашниот шампионат, меѓу кои и дербито со ПИК Сегед, потоа го пречекува Еурофарм Работник во СЕХА, за на крај годината да ја заврши со дуели кај Металопластика и ППД Загреб

  • Распоредот на Веспрем: 

По десет одиграни кола во Лигата на шампионите, Веспрем е на втората позиција во групата Б со два помалку бода од лидерот Кил, додека во СЕХА е лидер со шест победи и само еден пораз.