Веспрем славеше против Киелце, Порто го изненади Монпеље

Ракометарите на Веспрем славеа над Киелце во дербито на деветтото коло од групата Б во Лигата на шампионите со 28-24. Победата за тимот од Унгарија значи преминување на Монпелје и заземање на втората позиција во групата. 

Киелце одлично го отвори натпреварот и речиси цело прво полувреме имаше предност. Сепак, тие не успеаја да направат висока разлика и на пауза отидоа со 15-13. Домаќините во вториод дел уфрлија во брзина повеќе и веднаш направија пресврт. Тие до крајот на мечот го одржаа водството, кое во еден момент беше и пет голови. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Каралек од Киелце со шест голови. Кај домаќините по четири реализации имаа Ненадиќ и Нилсон. Нашиот Дејан Манасков имаше скромен ефект со само еден постигнат гол. 

Веспрем следниот викенд гостува во арената „Јане Сандански" кај Вардар, а Киелце ќе се обиде да се врати на победите на домашниот дуел со Мешков Брест. 

Монпелје се сопна против Порто и запиша пораз од 22-27 на домашен терен. Гостите од Португалија одново докажаа дека се незгоден противник без разлика што се аутсајдери. 

Ракометарите на Порто целосно го надиграа противникот и ниту еднаш не му дозволија на францускиот тим да поведе. На полувреме водеа со четири голови, а резултатот гласеше 14-10. 

Во вториот дел продолжија онаму каде што застанаа пред паузата и го довршија противникот. Тие во финишот на мечот стигнаа и до највисоки +7, но Монпелје врати со два гола за на крајот да заврши +5 во корист на Португалците.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4