Веспрем пукна ракометна бомба вредна еден милион евра!

Европската ракометна сцена добива уште еден трансфер со енормна цифра. Според ексклузивни информации до кои дојде „Handball Base“, унгарскиот гигант Веспрем ќе плати отштета од еден милион евра на Рајн Некар Левен за предвремено ослободување на Иван Мартиновиќ.

Иако според договорот Мартиновиќ требаше да се приклучи на унгарскиот клуб следното лето, Веспрем инсистираше на негов трансфер уште оваа сезона. За таа цел, клубот се согласи да плати висока сума за да го добие еден од најинтересните десни бекови во Европа.

Но трансферот не се состои само од пари. Како дел од договорот, Лукас Сандел и голманот Мајк Јенсен ќе се преселат во Рајн Некар Левен, додека покрај Мартиновиќ, Веспрем ќе го засили и шведската голманска легенда Микаел Апелгрен.

Оваа размена на играчи и суми се вбројува меѓу најголемите трансакции во поновата историја на ракометот, потврдувајќи ја моќта на Веспрем како финансиска и спортска сила на европската сцена.

ФОТО: Rhein-Neckar Löwen / Facebook