Веспрем не дозволи изненадување во Португалија, Манасков со две реализации

Веспрем

Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Спортинг и Веспрем (28-30) донесе интересни 60 минути во кои на крај пресуди искуството на гостинската екипа од Унгарија.

Кога се чинеше дека ќе има изненадување, фаворитот заигра на посакуваното ниво и направи пресврт. Португалците имаа солидни 24-21 во самата завршница и се чинеше дека ќе го шокираат големиот противник. Сепак, гостите се вратија во игра и направија завршницата да биде неизвесна.

Ракометарите на Давид Дејвис цело второ полувреме беа во негатива, но го свртија резултатот во своја полза кога најмногу требаше. Голот за победа на Унгарците го постигна Петар Ненадиќ кој реализираше за конечни 28-30.

Ненадиќ со осум и Наџ со пет гола се истакнаа кај победникот, а нашиот Дејан Манасков го заврши мечот со половична реализација и два постигнати гола.

Реваншот е закажан за 30 март, а подобриот од двомечот ќе игра против победникот од дуелот Мешков Брест - Флензбург.