Веспрем лесно се справи со Мешков и застана рамо до рамо со Вардар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не беше дел од денешното гостување во Белорусија, на кое Веспрем ја оправда фаворитската улога и го совлада Мешков Брест (30-37) во рамки од Лигата на шампионите.

Унгарскиот претставник одлично го отвори првиот дел и стекна предност која ја чуваше до паузата. На ефикасната игра се израдува публиката, која сепак поголемиот дел од головите ги виде во домашната мрежа.

Пристапот на игра на гостите не се промени и во продолжението. Давид Дејвис очигледно одлично ја скрои тактиката за противникот, кој немаше решение ниту во нападот, ниту во одбраната. Прашањето на победникот беше решено на десет минути до крајот, кога Веспрем замина на највисоки +7.

Драган Гајиќ со осум гола ја предводеше листата на стрелци за гостинскиот тим. Во белорускиот првак најдобар беше Паниќ со пет погодоци.

За една недела, овие две екипи ќе одиграат реванш, овојпат на теренот на унгарскиот гигант.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4