Веспрем ја продолжи соработката со Дејвис до 2023 година

Поранешниот помошник на Раул Гонзалез во Вардар, Давид Дејвис, ја доби наградата за одличната работа со унгарскиот гигант, Веспрем, откако денес потпиша нов договор со клубот кој ќе има важност до 2023 година. 

Шпанскиот стратег во октомври минатата година го презеде кормилото на Веспрем и за краток период успеа да ги консолидира редовите и да му донесе титула од домашниот шампионат, како и пласман во финалето на Лигата на шампионите, кое го загуби од нашиот Вардар. 

Пред да го донесе Веспрем до вицешампионската титула, Шпанецот од Ваљадолид ја водеше селекцијата на Египет на Светското првенство во Германија и Данска

Покрај оваа информација, унгарскиот тим денес го потврди и трансферот на уште еден поранешен вардарец, Вуко Борозан, кој потпиша двегодишен договор.