Веспрем ја извести јавноста: Манасков и соиграчите негативни на коронавирусот!

Сите спортски колективи ширум Европа прават задолжителни тестови на своите играчи со цел да спречат големо ширење на коронавирусот.

Унгарски Веспрем и сите негови членови, меѓу кои се наоѓа и нашиот Дејан Манасков, направија тестови и ги добија резултатит. Сите од нив биле негативни, што беше споделено на официјалната клупска страница на ракометниот гигант.

27-годишниот македонски репрезентативец е дел од Веспрем од 2017 година.

Унгарскиот шампионат, СЕХА лигата и Лигата на шампионите се прекинати како заштита од ширењето на коронавирусот. Натпреварот Веспрем - Војводина од регионалната лига беше одложен непосредно пред одигрувањето.