• Зоран Мишевски
Голема неизвесност владее околу продолжувањето на регионалната СЕХА лига во ракомет. Оскудни се информациите за иднината на ова натпреварување, чиј основачи се Македонија и Хрватска.
Потпретседателот на СЕХА лигата, Борис Сапожников за руските медиуми обелодени дека лигата ќе се игра и во Русија и Белорусија и на Балканот, потврдувајќи го учеството на Веспрем и српските клубови.
„Она што можам со сигурност да го кажам е дека Веспрем останува во јужната група на СЕХА, исто како и српските екипи. Разговараме со другите клубови од другите земии.
На Истокот, не само што нема да загубиме никого, туку ќе се приклучат и кинескиот Аист, кој игра во белоруската лига, и Виктор од Ставропол“, вели Сапожников.
Според пласманот минатата сезона, Македонија следната сезона во СЕХА лигата треба да ја претставуваат Еурофарм Пелистер и Алкалоид, а Михајло Михајловски најави дека ако лигата продолжи, во неа ќе игра и Вардар 1961.