Веспрем и Манасков победнички минаа низ Полска, Мешков го искористи поразот на Монпелје

Ракометарите на Киелце не успеаја да му направат услуга на нашиот Вардар, откако во последниот натпревар од групната фаза на домашен терен загубија од Веспрем со 35-36 (21-18). Со тоа нашиот шампион заврши како третопласиран во групната фаза и покрај победата против европскиот првак. Во осминафиналето Веспрем ќе игра против тимот на Спортинг, а Вардар за противник ќе го има тимот на ППД Загреб или пак Мотор.

Првите 15-тина минути им припаднаа на гостите, кои имаа и највисоки +3, а подоцна во првиот дел доминираа Полјаците. Најпрво, избраниците на Талант Душебаев израмнија на 12-12, а потоа со подобра игра до одморот се одлепија на +3 (21-18).

Во вториот дел домаќините беа тие кои имаа константна предност, а Веспрем не дозволуваше противникот да се одлепи. Во последните десет минути се влезе со резултат 30-30, Киелце поведе и со 31-30, а потоа гостите со серија од 1-4 се одлепија на 32-34 и на крајот славеа победа од до крајот поприсебни беа ракометарите на Веспрем. Најефикасен во тимот на Киелце беше Артсем Каралек со шест гола, а кај Вепрем Кентин Мае запиша осум погодоци. Нашиот Манасков успеа да запише еден погодок, во финишот кога и се кршеше резултатот.

Мешков Брест го искористи поразот на Монпелје од Вардар и со победа против Кристијанштад од 32-23 го потврди пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Барселона на домашен терен славеше убедлива победа против Рајн Некар Левен со 30-25 (20-12) и само ја потврди првата позиција групата А. По денешниот пораз и победата на Веспрем, тимот на Филип Талески групната фаза ја заврши на четвртата позиција. Нашиот репрезентативец постигна шест гола и беше најефикасен поединец во својата екипа. 

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3