Веспрем ѝ даде 42 гола на Барселона и повторно е светски ракометен шампион! 

Веспрем повторно е на врвот на светскиот клупски ракомет. Унгарскиот гигант славеше убедливо против Барселона со 42-33 во финалето на Супер Глоуб и по пауза од една сезона повторно го освои Светското клупско првенство.

Веспрем одигра фантастично прво полувреме, во кое постигна дури 22 гола и на паузата замина со шест гола предност (22-16). Барселона не успеа да најде одговор ниту во продолжението, па унгарскиот тим рутински го приведе натпреварот до крај. Феноменален натпревар одигра Емил Нилсен, кој се разгоропади против поранешната екипа.

Интересно, Барселона минатата сезона беше светски шампион, па во последните три изданија на Супер Глоуб токму овие два тима се менуваа на врвот.

До бронзениот медал стигна Ал-Ахли, кој во египетското дерби славеше против Ел Замалек и го освои третото место.