• Иван Димовски
Ракометните натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите завршија со убедливи победи на апсолутните фаворити.
Екипата на Кил го декласира Динамо среде Букурешт со 28-41 (11-19), во пеколната атмосфера во романската престолнина. Одличните навивачи не успеаја да му бидат од помош на својот тим, бидејќи Германците демонстрираа сила и практично веќе се четвртфиналисти. На овој натпревар со по шест погодоци се истакнаа Јохансон и Зарабец кај Кил, како и Кудуз и Кашпарек кај Динамо.
Веспрем полесно од очекуваното го доби унгарското дерби со 23-36 (7-20), со што зачекори кон осумте најдобри во европската елита. Со фуриозен прв дел во кој примија само седум погодоци, момците на Момир Илиќ направија разлика која беше недостижна за ривалот.
Вечерва се игра уште едно осминафинале во кое Висла Плок го дочекува Нант.