• Горан Упале
Ракометарите на Веспрем не се предаваат и возвратија на почетниот удар на ПИК Сегед во големото финале во унгарскиот шампионат.
По поразот од пред три дена, избраниците на Момир Илиќ не дозволија ново разочарување за своите фанови и со победата од 34-27 израмнија во финалната серија против лутиот ривал. Ѕвездениот тим на Веспрем во својот дом конечно најде лек за актулниот шампион на Унгарија, кој две сезони по ред се радува на шампионскиот трофеј.
По израмнениот прв дел, во кој ПИК Сегед имаше решение за секој налет на домаќинот, во вторите триесет минути ланскиот учесник на Ф4 во Лигата на шампионите покажа квалитет и одлучност и со фантастична игра се избори за голема победа од седум гола разлика, со која го остава во игра за посакуваниот трофеј.
Бјарки Мар Елисон со девет и Драган Пешмалбек со шест гола беа најефикасни кај Веспрем, а Борут Мачковшек, Миклош Роста и Ричард Бодо со по четири погодоци беа најефикасни во поразениот табор од Сегедин.
Третиот натпревар, кој ќе го даде и шампионот на Унгарија за оваа сезона, ќе се одигра на теренот на ПИК Сегед.