Веспрем ги израдува фановите, промовира четири екстра засилувања!

Екипата на Веспрем не успеа да дојде до медал на завршниот турнир во Лигата на шампионите, меѓутоа веднаш по завршувањето ги израдува своите фанови. Имено, во таборот на Момир Илиќ доаѓаат дури четири големи засилувања кои ќе се приклучат на тимот од сезоната 2023/24.

Францускиот пивотмен, Лудовик Фабрегас ќе замине од таборот на Барселона по пет сезони и две европски титули, за да заигра за Веспрем. 25-годишникот парафира двегодишна соработка со Веспрем, со можност за продолжување на уште една. Кариерата ја започна во Монпелје, клуб за кој со успех играше од 2015 до 2018 година, кога се пресели во Барселона. Фабрегас се реши за нова авантура во Унгарија по крајот на следната сезона.

На левата крилна позиција во таборот на Унгарците доаѓа одличниот Уго Деска од Монпелје. 29-годишникот кој настапува за оваа екипа од 2019 година, а претходно играше за Кретеj и Динамо Букурешт, потпиша со Веспрем на две сезони. 

Десната бековска позиција ќе ја засили Лукас Сандел кој доаѓа од Алборг. Швеѓанецот ќе пристигне од таборот на Алборг, а претходно играше за Елверум и Иштад, па сега со Веспрем потпиша со формулата 2+1 години. Четврто ново име за Илиќ ќе биде Агустин Касадо од Мешков Брест. Шпанскиот репрезентативец настапува на средната бековска позиција и парафира двегодишна соработка со Веспрем.