• Зоран Мишевски
Европа ќе добие уште еден, трет тим, кој ќе настапи на Светското клупско првенство. Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека му додели „вајлд карта“ на унгарскиот ракометен гигант Веспрем, кој од оваа сезона ќе го води шпанскиот тренер Хавиер Пасквал.
Покрај Веспрем, во Каиро ќе играат европскиот првак Барселона и бранителот на титула на Светското клупско првенство, Магдебург.
На турнирот ќе настапат уште Ал-Ахли од Египет, африканскиот првак Замалек, азискиот шампион Ал-Калеј, претставникот на Средна и Јужна Америка, бразилскиот Таубате, како и уште по еден тим од Северна Америка и Кариби, односно Австралија и Океанија.
Светското клупско првенство ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври.