• Горан Упале

Унгарски Веспрем без многу проблеми впиша нови бодови на своето конто во Лигата на шампионите и експресно им се врати на победите по сензационалниот пораз од ППД Загреб во претходното коло. Во рамките од деветтото коло од европската ракометна елита, тимот кој минатата сезона заврши на четвртото место со убедливи 32-22 славеше над Виска Плок, во натпревар кој беше решен уште во првите триесет минути.
Вицешампионот на Унгарија одигра доминантно во првиот дел и со цврста одбрана и ефикасен напад се избори за позитива од осум гола, која што во второто полувреме беше недостижна за полскиот тим.
Во победата од 32-22 за Веспрем најпрецизен беше Петар Ненадиќ со девет гола, а кај Висла со седум погодоци прв стрелец беше Косоротов, кој од следната сезона ќе биде замената за искусниот српски бек.
Голема победа забележа и тимот на Кил, кој на свој терен со 37-33 славеше над Нант. Билик до десет и Валиниус со седум гола беше незадржливи за француската одбрана, додека во спротивниот табор Бриет впиша седум, а по четири погодоци постигнаа Тото и Ривера.
Eкипите на Динамо Букурешт и ППД Загреб одиграа возбудлив натпревар во Романија, кој по голема драма заврши без победник (27-27). Домаќинот беше за нијанса подобар во првиот дел, додека во вториот момците на новиот стратег на ППД Загреб, Голужа, возвратија идентично и поделбата на бодовите е најреалниот исход од овој дуел.
Акименко со шест и Зен со пет гола беа најрасположени во таборот на Динамо Букурешт, додека за „плинарите“ влеснаа поранешните вардарови крила Дибиров и Чупиќ со седум, односно пет гола.
Очекувана домашна победа запиша и Барселона, која го совлада Алборг со 32-26.