
Поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, Веселин Вујовиќ, од денес не е повеќе тренер на словенечкиот тим Копер. На денот кога Словенија и Унгарија играат реванш меч од баражот за Светското првенство, Копер на официјалната веб страница објави дека се разделуваат од Вујовиќ.
И покрај заминувањето од Копер, и покрај тоа што Словенија е пред елиминација и нема да игра на Мундијалот, сепак Вујовиќ ќе остане селектор и во иднина.
Откако се раздели со Копер, станува јасно дека Вујовиќ е многу блиску до преземање на кормилото на Висла Плок, која пак се раздели со Пјотр Пржибецки.
Висла долго време е во сенка на Киелце во Полска, а подобар избор од популарниот Вујо за враќање на старите патеки и за борба со Душебаев, сигурно дека нема.