• Иван Димовски
Поранешниот селектор на Македонија и тренер на скопски Вардар, црногорскиот стручњак Веселин Вујовиќ има нов ангажман.
Во следниот период 63-годишникот ќе работи како селектор на репрезентацијата на Катар. Неговата презентација се очекува веројатно в среда, а на клупата доаѓа на местото на српскиот стратег Дарко Тавриќ. За Вујовиќ ова ќе биде шестиот селекторски ангажман, бидејќи освен Македонија тој ги водеше селекциите на Југославија, Србија и Црна Гора (кога беа една држава), Словенија и последно Иран.
Последниот тренерски ангажман му беше во Нексе Нашице оваа година, а претходно освен во Вардар работеше во ирански Сепахан, Борац, Загреб, Железничар, Копер, Ал-Шабаб, Ал-Сад, Сиудад Реал, Партизан и Металопластика.
Вујовиќ ќе има задача да ги води Катарците на Светското првенство во јануари во кое ќе се натпреваруваат во група со Франција, Австрија и Кувајт.