Веселин Вујовиќ по само осум месеци се раздели со ППД Загреб

Југословенската ракометна легенда, поранешен предводник на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на ППД Загреб.

Утрово, како бомба одекна информацијата за заминувањето на легендарниот стратег од редовите на „плинарите“. Хрватската јавност е шокирана од оваа ситуација, затоа што пријателството и довербата меѓу Вујовиќ и Загреб беа на завидно ниво во претходниот период. 

Иако се шпекулираше дека разделбата е како последица на финансиската криза која најверојатно ќе го стресе клубот, Вујовиќ за хрватските медиуми ја откри вистинската причина, а таа е имотно правните односи кои ги има во Црна Гора

<<< ПОВРЗАНО - Вујо: Заминувам поради имотно правни односи, не би било фер да останам

59-годишниот стратег на клупата на хрватскиот шампион пристигна пред осум месеци како замена за Бранко Тамше, кој доби отказ по слабите игри на почетокот од сезоната.