Велковски: Ова е голем резултат за нас, на Европа ѝ покажавме дека знаеме да играме ракомет

Ракометната селекција на Македонија го запиша првиот бод на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. По стартниот претрпен од домаќинот, вечерва нашите ракометари одиграа храбро со Португалија и ремизираа со 29-29.

По натпреварот во Хернинг, Мартин Велковски истакна дека овој резултат е голем за нас и со оваа игра ѝ покажавме на Европа дека знаеме да играме ракомет. 

„Многу сум благодарен за овој бод, исто така и на неверојатна публика која дојде во огромен број далеку од нашиот тим. Се надевам дека ги направивме горди. Овој резултат е голем за нас, покажавме пред Европа дека играме добар и борбен ракомет.

Едноставно, верувавме и останавме заедно. Можеби во претходни ситуации сме се распаѓале при ваков резултат, но останавме сплотени, верувавме и докажавме дека знаеме да играме ракомет и да се бориме за нашата држава и навивачите кои дојдоа далеку од дома да ја бодрат оваа селекција. Уште пред да дојдеме знаевме кои мечеви се за нас клучни.

Романија ни е следна, се фокусираме на овој противник и одиме да го добиеме мечот, па ако ни се отвори шанса да пројдеме во следната фаза“, рече нашиот десен бек.

Во последното коло, кое е закажано за два дена, Македонија ќе се судри со Романија.