Велковски: Не игравме како што треба кога беше најважно

Збор на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Металург и Стеауа кој заврши со триумф на гостите (28-29) даде и капитенот на македонскиот тим Мартин Велковски. Репрезентативецот истакна дека Металург одиграл меч со осцилации, а во клучните моменти играта не била на ниво.

„Пред се, би сакал да им честитам на гостите за победата. Проблемот беше во нас, лошо отворивме во однос на реализацијата, многу промашивме чисти шанси. Па, имавме водство, кое го загубивме. Успеавме да се вратиме, а на крај кога беше најважно, не одигравме како што треба. Имавме шанса за реми, но не ја искористивме. Не знам дали е ситуацијата до нас, или до густиот распоред. Ќе беше убаво ако го добиевме овој меч, но што е тука е“, изјави Велковски.

Металург пред поразот од Стеауа имаше две победи, над Татран Прешов и Чеховски Медведи.