Веќе стана навика: Дибиров од „мртов агол“ го надмудри големиот Ландин (ВИДЕО)

Тимур Дибиров

Вардар и Кил одиграа израмнето полувреме, во кое на крај предност од три гола во соблекувална однесе македонскиот првак.

Одново прво име кај вардарци е Тимур Дибиров. Русинот постигна седум гола, а се издвои со неговата препознатлива завршница од невозможен агол на почетокот од мечот во Скопје.

Левото крило одново се издвои меѓу избраниците на Веселин Вујовиќ, кои бркаат прекин на негативата серија во Лигата на шампионите.