Вегар: Игравме во пеколна атмосфера, штета што не минавме во четвртфиналето

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го добија дуелот против Нексе (24-22), но не успеаjа да ја анулираат негативата од Нашице и доживеаа елиминација во осминафиналето од СЕХА лигата. 

Свој коментар по испуштената шанса даде Марин Вегар, кој имаше пофалби до битолската публика, противникот, но и за својот состав.

„Атмосферата овде беше величенствена. Штета, нам ни требаше гол, два на крајот, а направивме неколку грешки во клучни моменти. Не смеевме лесно да губиме топки, Нексе е сепак добра екипа. Знаевме дека до последните минути нема да се знае кој оди понатаму, жалам што не успеавме, но честитки до противникот. Тие се екипа која веќе три години игра заедно, а ние сега се воигруваме. Кај нас се виде разлика од првиот меч до денес, а пред нас се уште многу натпревари сезонава“, истакна Вегар

Доколку Еурофарм Пелистер успееше да го елиминира Нексе, веќе во четвртфиналето ќе се сретнеше со Вардар. За битолчани останува надежта да се обидат да го изненадат скопскиот тим во македонското првенство.