Вецлар се оддалечи од Европа, Миркуловски со два гола во поразот од Мелсунген

Филип Миркуловски беше дел од поразот на Вецлар на гостувањето кај Мелсунген (30-28) во натпревар од 27. коло од Бундеслигата.

Македонскиот репрезентативец двапати се запиша во листата на стрелците. Сепак на крај неговата екипа направи чекор назад во борбата за излез во Европа.

Мелсунген сега го прескокна Вецлар и се израмни со седмопласираниот Гопинген. До крајот на сезоната остануваат уште пет кола во кои овие три тима ќе водат голема борба.

Гостите на денешната средба беа за нијанса послаби во однос на ривалот во двете полувремиња. Ракометарите на Мелсунген одржуваа сигурна предност и го одбија секој напад на противникот во завршницата.