Вецлар рутински го реши „фенерџијата“ и впиша важна победа во Бундеслигата

Екипата на Вецлар забележа нова голема победа во Бундеслигата. По поразот во претходното коло од Хамбург, момците на Филип Муркуловски ја оправдаа улогата на фавориот против „фенерџијата“ Хам и впишаа важни бодови на своето конто во битката за опстанок во германската елита (29-24).

Вецлар и на овој натпревар беше без услугите на Филип Кузмановски. Македонскиот бек се повреди на последната репрезентативна пауза и сè е уште е во фаза на заздравување, но и покрај тоа „зелените“ одиграа квалитетно и заслужено стигнаа до посакуваната победа.

Вецлар уште во првиот дел го најави сигурниот триумф. На пауза се замина во 13-7, додека во вториот дел Хам беше за нијанса поквалитетен, но успеа само да ја намали негативата на 29-24.

Црногорскиот ас Чавор со седум и Бечер со шест беа најдобри стрелци за Вецлар, додека во поразениот тим шест гола запиша Орловски. Вецлар го зазема шеснаесеттото место на табелата во Бундеслигата, прво над цртата за испаѓање. Под него е Минден кој „доцни“ пет бода, но има и еден натпревар помалку.