• Мартин Танасковски
Филип Кузмановски го раскина спогобдено договорот со Вецлар и потпиша со Еурофарм Пелистер, а бундеслигашот реагира и веднаш ја донесе неговата замена.
Нов играч на бундеслигашот кој се бори за опстанок е Матиас Педерсен. 26-годишниот Данец доаѓа од шведскиот шампионат каде го носеше дресот на Алингсас.
Договорот меѓу Вецлар и Педерсен е до крајот на актуелната сезона. Овој играч потекнува од школата на Алборг, а во шведскиот ракомет играше уште и за Амо.