Вецлар на Миркуловски слави со Балинген, Минден загуби кај РНЛ

Ракометарите на Вецлар се радуваа на петто славје во Бундеслигата, откако на свој паркет го совладаа Балинген со 33-21 (17-12). Екипата во која настапува Филип Миркуловски го заборави последниот пораз и се врати на победничкиот колосек. Миркуловски на овој натпревар немаше свој удел, а беше дел од стручниот штаб.

До оваа победа Вецлар го предводеа Рубин со седум и Цавор со пет погодоци, а Липовина имаше четири во Балинген. 

До очекувана победа дојде и екипата на Рајн Некар Левен во дуелот со Минден од 31-27 (15-9). „Лавовите“ од Манхајм по поразите од Лемго и Флензбург успеаја да триумфираат против „фенерџијата“ во лигата. Бенџамин Хеландер беше најдобар во победничкиот табор со десет постигнати голови, додека Томас Урбан од Минден даде осум. 

Во овој термин се одигра и натпреварот меѓу Бергишер и Ерланген, кој заврши нерешени 25-25. Иако домаќинот долго водеше и заслужи да победи, во финишот се опуштија и Ерланген освои бод.