Вецлар ја прекина црната серија: Цветковски и Миркуловски славеа над Лајпциг

Тимот на Вецлар, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, голманот Јане Цветковски и плејмејкерот Филип Миркуловски, конечно ја прекина серијата порази и славеше на дуел од Бундеслигата.

Вецлар победи на гостувањето кај составот на Лајпциг со 21-25, иако по првиот дел имаше негатива од 13-12. Цветковски бранеше 35 минути и имаше солидно издание, со шест одбрани, односно 37% успешност, а Миркуловски погоди еднаш во првиот дел.

Вецлар сега има две победи во шест меча, а следен предизвик ќе биде „македонскиот“ двобој со Рајн Некар Левен и Филип Талески.