Вецлар имаше сили за едно полувреме, Флензбург очекувано ги освои бодовите

Veclar

Флензбург ја оправда фаворитската улога и го доби второто сезонско соочување со Вецпар на Филип Миркуловски (32-24).

Гостите одиграа солидно прво полувреме во кое се изборија за 13-13. Меѓутоа домашниот тим започна да ја прави разликата во продолжение. Откако ја стекна предноста, не ја испушти до крај и изби на првата позиција на табелата.

Рубин со осум гола се истакна кај гостите, а гол помалку за Флензбург постигна Стеинхаусер.

Тимот на Миркуловски до крајот на сезоната ќе се бори за место меѓу првите шест. Тоа ќе му донесе пласман во ЕХФ Европската лига.