Вецлар и Миркуловски со трета победа во низа во Бундеслигата

Вецлар победа

Екипата на Вецлар ја запиша третата последователна победа во Бундеслигата, откако денес славеше во дуелот против Либек (25-20).

Домашните ракометари не ја испуштија предноста стекната по првите 30 минути и на крај рутински се радуваа на два нови бода во домашниот шампионат. Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски имаше тивко попладне и во триумфот учествуваше со еден погодок од три обида.

Вецлар и покрај победата остана на средината од табелата, а во наредното коло ќе има тешка задача да ја продолжи победничката серија, бидејќи игра на гости кај Флензбург.