Вецлар и Миркуловски експресно елиминирани од Купот на Германија

Екипата на Вецлар ,за која настапува македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски, претрпе нов неуспех во новата сезоната, откако беше елиминиранa од Купот на Германија. 

Ланскиот полуфиналист одигра уште еден натпревар под своите можности и уште од самиот почеток го загуби чекорот против Мелсунген, кој постепено ја зголемуваше разликата, за на крај да победи со убедливи 20-28. Нашиот репрезентативец, кој за октомвриските квалификации доби поштеда од селекторот Раул Гонзалез, немаше забележителен натпревар и запиша само една асистенција, додека Јане Цветковски не се најде во конкуренција за голманската позиција.

По елиминацијата од Купот, сега на Вецлар му преостанува само борба за подобра позиција во Бундеслигата, каде по воведните девет кола запиша само две победи, а дури седум пати е поразен.