Василевски: На Пролет местото му е во елитата на македонскиот ракомет 

Екипата на Тинес Пролет е на само 60 минути до нов пласман во ракометниот плеј-оф. Избраниците на Матлиевски вечерва на дуелот со Прилеп ќе бидат „господари на сопствената судбина“ и со победа ќе обезбедат место меѓу шесте најдобри во Суперлигата. 

 Кружниот напаѓач Филип Василевски вели дека последниот натпревар на хартија е меѓу најлесните, но доколку Пролет сака успех ќе мора да биде максимално мотивиран и да одигра најдобро што знае. 

„Последниот натпревар на хартија е меѓу најлесните, но за нас воедно е и најважен. Поквалитетни сме од Прилеп, а овој клуб во меѓувреме зимава остана и без неколку ракометари. Значењето на средбата е огромно и затоа сме максимално мотивирани да одиграме најдобро што знаеме и да стигнеме до посакуваната победа. Нема сомнеж, со квалитетот што го поседуваме и со игрите што ги прикажуваме местото на Тинекс Пролет е во самата елита на македонскиот ракомет“, вели Филип Василевски.

Натпреварот меѓу Тинекс Пролет и Прилеп на програмата е денес со почеток во 18:30 часот.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0