Василевски: Бутел станува бренд во мак-ракомет, Пелистер не е лесен противник

Пред два месеци со натпревар во Битола меѓу Пелистер и Бутел стартуваше новата сезона на ракометната Суперлига на Македонија. Денес, двете екипи повторно ќе се сретнат, во дуел на кој голем фаворит е тимот од Скопје. 

Кружниот напаѓач на бутелци, Кристијан Василевски, очекува возбудлив натпревар против младите пелистерци, а за својот клуб вели дека полека, но сигурно станува бренд во македонскиот ракомет.

„Натпреварот против екипата на Пелистер ќе биде од огромно значење за нас за продолжување на победничката серија. Цврстата одбрана на битолскиот тим предводена од нивните пивотмени и полетноста на младите играчи во нападот се предуслов за возбудлив меч. Ние сме колектив кој живее за секој тренинг поминат заедно и на кој позитивната енергија му е заштитен знак.

И покрај тешкиот распоред на натпревари кој го имавме во последниот период, поради кој го изгубивме мечот со Охрид и неколку играчи се повредија, сепак успеавме да се издигнеме и да славиме против Пролет. Целите на нашиот сопственик и на раководството не се од денес за утре. Направена е стратегија со која ќе се издигнуваме од сезона во сезона и ќе останеме во првата четворка на најквалитетни македонски клубови. Полека но сигурно Бутел станува бренд во македонскиот ракомет и амбасадор кој ја претставува Општина Бутел во најдобро светло“, вели Василевски. 

На мечот во Битола, Бутел славеше со минимални 24-26, а Пелистер шанса за реванш ќе има вечерва со почеток од 18:30 часот. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4