• Горан Упале

Екипите на Вардар 1961 и Охрид вечерва го играат првото големо дерби во новата сезона во ракометната Суперлига, но глетката од трибините во салата „Јане Сандански“ не е онаква каква што се очекуваше.
Иако натпреварот беше најавуван како вистински ракометен спектакл, со оглед на амбициите на двете екипи и фактот дека се очекува да се борат за највисоките позиции, трибините во „Јане“ останаа далеку од исполнети.
Атмосферата е далеку од онаа на која „Комити“ и вардаровата публика со години ги навикнуваа љубителите на ракометот. Ваквата глетка го отвора прашањето која би била причината за слабата посета, дали цената на билетите (300, 400 и 500 денари), фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шкотска, или пак нешто сосема друго.





