Вардаровата „Барби“ се врати во ЦСМ Букурешт

Барбара Лазовиќ, една од најдобрите ракометарки во Европа, реши да ја напушти Црна Гора и да се врати во Романија каде го облече дресот на ЦСМ Букурешт.

32-годишната некогашна ракометарка на Вардар која го носи надимакот „Барби“ пред една година потпиша за Будуќност, а таму пристигна токму од ЦСМ Букурешт. Но, по само 365 дена, таа реши да се врати во Романија и пак да заигра за истиот клуб.

Лазовиќ покрај за ЦСМ Букурешт и Будуќност играше уште за Вардар, Крим, Зајечар и Брежица, а на репрезентативен план ја претставуваше Словенија, но можно е во наредниот период да заигра за Црна Гора.