Вардарките Лекиќ и Дамњановиќ се враќаат во репрезентацијата на Србија

За претстојниот пријателски натпревар на ракометарките на Србија со нашата репрезентација, во тимот на Србија по двегодишна пауза се враќаат вардарките Сања Дамњановиќ и Андреа Лекиќ. Претходно двете ракометарки заедно со Драгана Цвијиќ и Катарина Томашевиќ одбиваа да играат за Србија дури на клупата седи Саша Бошковиќ.

По смената на Бошковиќ, за селектор на Србија беше именувана Драгана Џуриќ, но и таа одбиваше да ги повика во репрезентацијата ракометарките кои истата ја бојкотираа. Сепак, Лекиќ на натпреварот со нашата репрезентација нема да може да настапи бидејќи се рехабилитира од повреда. На списокот се наоѓаат 14 ракометарки, а единствен дебитант ќе биде Јованка Милојевиќ од полскиот Заглебје.

Натпреварите со Македонија се играат во Скопје, првиот е в петок од 19.30 часот, а вториот в сабота од 12.30 часот, но и двата се од затворен карактер.