Вардарки во инфаркт-финиш ја растажија „Автокоманда“!

Скопје е „црвено-црно“ и во женска конкуренција! Ракометарките на ЖРК Вардар славеа во дербито на гостински терен против ЖРК Металург (21-22) и така останаа перфектни на табелата во женската ракометна Суперлига.

  • Комплетниот натпревар на ЖРК Металург и ЖРК Вардар:

Во рамки на групата Б, тимот на Драгана Ристова има осум натпревари на осум средби и е апсолутен лидер. Ова е втора победа во дуелите со градскиот ривал, а до полниот плен се дојде во инфаркт-финиш.

Двата тима беа близу резултатски скоро цела средба, а главниот исчекор кон победата гостинките го направија кога од 20-20, врзаа два гола. Двата гола ги постигна Михаела Стојановска и го вивна тимот кон посакуваниот триумф, а Кајалџиевска само го ублажи поразот на Металург, кој, исто така пропушти и напад за реми.

Најдобра кај ЖРК Вардар беше токму Стојановска со седум постигнати гола, пред Трпевска со шест реализации, додека Галевска имаше три гола, а кај Металург најмногу се истакна Калаџиевска со шест, пред Трајковиќ со пет гола.